Македонија
5. јуни 2018 - 16:13

Прибе: Македонија постигна напредок, но се уште има области во кои се неопходни реформи

Владеење на правото е клучно за проближување кон ЕУ, сите ресурси и сили во општеството би требало да бидат ангажирани и насочени кон таа цел, истакна Рајнхард Прибе на Меѓународната научна конференција за реформите на безбедносниот систем што се одржува во Охрид.

Прибе потенцира  дека извештајот на ЕУ за напредокот на Македонија укажува на значаен напредок во одредени области, но постојат и доста области каде треба  многу да се сработи, да се спроведат неопходни реформи во евроинтегративниот процес.

Ингрид Шикова, професор на Софискиот универзитет рече дека што поскоро земјите од регионот ги исполнат критериумите за безбедноста во процесот на зачленување, тоа ќе придонесе за побезбедна Европа.

Прибе ја нагласи важноста на безбедносните прашања во процесот на приближување и членство во ЕУ.Инаку  конференцијата во Охрид треба да понуди решенија за идната поставеност на безбедносните систем со цел ефикасен одговор на современите ризици и закани по безбедноста.