Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија
Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во октомври е поповолна во однос на септември годинава, како и споредено со октомври лани, оцениле раководителите на фирмите од преработувачката индустрија, кои очекуваат да се зголеми бројот на вработените.
Државниот завод за статистика денеска објави дека индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври споредено со септрември оваа година е зголемен за 0,1 процентен поен и изнесува 21,8 отсто, а во однос на октомври лани е зголемен за 1,1 процентен поен.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври во однос на септември годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември годинава.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2019 година изнесува 69,7 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостигот на квалификувана работна сила со 23 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 проценти, недоволната домашна побарувачка со 14,7 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,2 проценти.
Ново на Сител
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот