Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
Вооружен грабеж вечерва се случи во една од продавниците за техника на Градскиот стадион. Маскирани лица се обиделе да го одземат дневниот промет пред затворање на продавниците. Откако се заканувале кон вработените од продавницата истрелале и неколку истрели.
Според сведоци и дел од вработените , маскираните лица со себе имале и експлозивни напарави. Полицијата ја потврди веста.
-Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вечерва лишија од слобода две лица кои малку пред тоа извршиле разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителите се лишени од слобода и во содејство со ОЈО ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Најавија детали во текот на утрешниот ден.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар