Македонија
29. November 2024 - 12:34

Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис

Изградбата на автопатот Охрид –Кичево ќе ја радвижи економијата. Градењето на автопатот кој според последните најави треба да биде готов до 2026 година, ќе ги придвижи во позитивна насока економските процеси во  земјава ,претседателот на Стопанската комора Азески смета дека тоа ќе значи препород  за некои индустриски гранки а со тоа целокупниот развој на извозот ќе биде забрзан.

Можно е зголемување на цената на автопатот дециден е премиерот  Мицкоски бидејќи на потегот од Охрид до Кичево има 16 свлечишта .

Министерот за транспорт и врски Николоски пак при посетата на автопатот подвлече дека се мобилизра градежната механизација и дека ќе се запази зададениот рок.

До ноември 2023 година инвестираните средства достигнуваат износ од околу 600 милиони евра .