Македонија
29. November 2024 - 12:34

Штип во борба со корупцијата

Зголемување на транспарентноста и намалување на корупцијата е целта на проектот „Заедници за интегритет“ од кој дел е и Општина Штип. Првата фаза од имплементацијата подразбира запознавање на јавноста и вклучување на сите релевантни институции во насока на градење на еден механизам со кој ќе се воспостави зголемена контрола. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека со ова ќе се подобри состојбата со корупцијата која е присутна во системот.

- Преку овој проект ќе се работи на зајакнување на отпорноста на Локалната самоуправа од корупција. Дел од овој проект се шест општини меѓу кои и Штип, со цел да се зајакне напрво транспарентноста во носењето на одлуките под локално ниво, да се зајакне и воспостави систем механизам на контрола на работењето на Локалната самоуправа, да се зајакне одговорноста која институцијата ја има кон граѓаните, а со тоа и да се вклучат во носењето на одлуки, запознавајќи се со своите права и одговорности, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип

Набавките и вработувањата се области каде што има голем ризик од корупција, особено во образованието и здравството. Колку и како ќе се имплементира проектот во наредните две години, ќе зависи од сите засегнати институции, посочи Јорданов. 

- Сите чинители ќе бидат комуницира, но пред се граѓаните кои што се клучни во подобрувањето на состојбата и јакнењето на отпорноста од корупција во ЛС, додаде Јорданов

Проектот е финансиран преку Швајцарската агенција за развој и соработка.