Почнува судскиот процес против дедото на Тамара за обид за убиство на Никола Тодоров
Во кривичниот суд за денеска е закажано судење против Љупчо Стојановски, дедо на починатата Тамара од Велес, кој на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Тој се товари за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.
Инцидентот се случи на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство. Според она што го кажал пред полицијата, дедото на Тамара дошол утрината сам во Скопје.
Го чекал Тодоров дома, но ексминистерот не се појавил. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога тој се појавил, почнал да пука кон него. Тодоров не беше повреден.
Ново на Сител
-
Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
-
Наим Рамука сменет од началничкото место поради пропуштањето на возилата на Гаши на „Блаце“
-
„Балансерот" за вработување пред Уставен суд
-
Бугарското МНР во одбрана на амбасадорот Радуков
-
Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија
-
Различни мислења за есенската кошница: Замрзнување на цените или зголемување на производството?
-
Митева: Наместо пренос на електрична енергија, МЕПСО спонзорирал спортски клубови
-
Студентите реагираат на зголемените трошоци, тече вториот уписен рок на државните универзитети