Пратениците го одобрија унгарскиот заем од половина милијарда евра
Со 65 гласа „за“ и 15 против, Собранието го одобри заемот од половина милијарда евра од унграската влада.
Според министерството, половина од средствата од овој заем ќе се користат за развој на општините, а другите како помош за економијата и за буџетски потреби.
Мнозинството вели овој закон се носи во транспарентна постапка, ќе внесе свежи пари во македонската економија и ќе помогне во развојот на општините преку поддршка на инфраструктурни проекти.
Опозицијата обвинува дека парите не се од Унгарија, како и дека земјата станува политички заложник на оваа земја. Велат ова е проблематично задолжување, поради кое, граѓаните може да се соочат со зголемени даноци.
Заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата на заемот е 15 години, со вклучен грејс период од три години, каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25 проценти. Дополнително Македонија ќе треба да исплати и провизија од 70 илјади евра за правни услуги на независна фирма избрана од страна на Унгарската експорт-импорт банка.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар