Македонија
17. September 2024 - 16:37

Откажана утрешната средба на историската комисија со Бугарија

Седницата на историската комисија за преговори со Бугарија која беше закажана за утре нема да се одржи. Информацијата ја потврдуваат од македонската страна од каде велат дека поради промената на составот, новиот Претседател денеска ги известил бугарските колеги дека седницата која што беше закажана за утре и задутре во Скопје се одложува.

Првата средба на комисијата во нов состав, како што дознава Сител се очекува во наредните една до две недели

Владата минатиот вторник на затворена седница го смени составот на комисијата назначувајќи го историчарот Ванчо Георгиев за нејзин претседател. Тој и претходно беше член на комисијата, но си поднесе оставка обвинувајќи за притисоци од страна на тогашното Министерство за надворешни работи предводено од Бујар Османи. 

Од стариот состав на комисијата остана само 1 член, додека меѓу останатите има двајца кои и претходно членувале во ова тело.

Сменетите историчари обвинуваа за политички притисоци, а Премиерот им порача дека ќе треба да дадат отчет за потрошените пари. 

Комисијата беше формирана во 2017 година по потпишувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија. Работеше со подеми и падови, под силно влијание на прилично тензичните односи на релација Скопје – Софија.

Досега усвоија препораки за заедничко чествување на Кирил и Методиј, Наум Охридски, Климент Охридски и Цар Самуил и пет препораки за измени во учебници во Македонија и во Бугарија.