Македонија
22. May 2020 - 13:26

Охрид ја доби првата полуподморница

Во пресрет на годинешната туристичка сезона, Охрид со уште една интересна понуда – од денес ја доби првата полуподморница. 

Станува збор за интересно пловило, кое најчесто сме го гледале на морските туристички дестинации. Semi-submarine или полу-подморница е пловило кое има стаклен дел на дното за туристите да можат да уживаат во водниот свет во езерото, но и подводните локалитети во Охридското Езеро.

Пуштањето на пловилото утрово беше вистинска атракција за охриѓани кои го искористија сончевото време за прошетка покрај езерото.