Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
Записникот од вонредниот надзор е готов, инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска надзорот што завчера во училиштето „7 Март“ во Челопек го извршил Државниот просветен инспекторат.
-Ќе бидат информирани и директорот и градоначалникот за да постапат по закон, но она што е поважно, според мене, е дека и во ова училиште и во неколку други училишта каде што имавме пријави за нерегуларности, каде што, чесно ќе кажам не се утврдени нерегуларности, но имало некаков револт, ќе спроведеме обука за соживот, мултукултурализам, мултиетничност, и за тоа ќе побараме поддршка и од ОБСЕ, изјави Јаневска денеска во Ректоратот на УКИМ каде што учествуваше на конференција „Подобро образование за посилен раст“.
Инспектори го посетија училиштето во тетовски Челопек откако таму на 28 ноември била организирана училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.
За настанот реагираше министерката за образование и наука Весна Јаневска, која оцени дека таквиот чин е законски казнив и побара од ДПИ да изврши надзор во училиштето.
Ново на Сител
-
Нехумани услови во домот Пелагонија
-
Тема на денот со Ива Ненадиќ, координатор на центарот за медиуми при Европскиот универзитетски институт
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува