Нема барање за промени во роковникот за завршување на пописот
Пропаѓаат обидите за продолжување на пописот за уште некој ден и покрај проблемите со системот во првата недела од попишувањето, но и по барањата на албанската опозиција за пролонгирање на статистичката операција.
Министерот за правда е дециден дека пописот се одвива успешно.
Досега, според податоците на Статистика попишани се 1 милион 769 илјади граѓани, а последните денови сите капацитети сега се свртени во поголемите градови и Скопје.
Според законот за попис, статистичката трае до утре на полноќ. За да има пролонгирање ќе бидат потребни законски измени и активирање на парламентот за време на изборната кампања.
Од партијата на Села велат дека нејасно е како власта има информации за статистичката операција кога Статистика е независен орган и е сигурна дека пописот ќе заврши утре.
„Доказ дека има проблеми со пописот и дека не се регистрирани сите граѓани е одлуката на заводот за статистика да определи центри во општините каде што самите граѓани ќе одат да се попишуваат. Зошто ни се потребни такви центри ако нема проблеми“, коментираат од Алијанса на Албанците и апелираат парламентот сепак да направи законски измени.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар