Му го попречиле патот, па го нападнале со бекатон плочки
По недоразбирање во сообраќајот двајца скопјани го попречиле патот на таксист и го нападнале, притоа со бекатон плочки му го удирале возилото, а еден од нив го удрил и таксистот, по што тој завршил во болница.
„Рано утринава во 03 часот и 40 минути било пријавено дека на улица „Анастас Митрев“ поради недоразбирање во сообраќајот, на Ф.Д.(37) од Скопје кој управувал такси возило со скопски регистарски ознаки, му било попречено движењето од патничко моторно возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(30) кој бил заедно со А.Д.(34), двајцата од Скопје.
Потоа, според пријавеното, М.Н и А.Д. излегле од возилото и почнале со бекатон коцки да удираат по такси возилото. Притоа, Ф.Д. со возилото го удрил М.Н., кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“ велат од полиција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место