Митева: Од утре за сметка од 5.500 денари ќе се плаќаат над 6.000 денари
Почитувани,
Со СДС и ДУИ од 2017 година до денес струјата поскапе за повеќе од 50%. Не поминува година, а да нема покачување. СДС удира по народот, за да го полни буџетот кој го трошат на тендери и криминали.
Од утре граѓаните ќе плаќаат поскапа струја затоа што власта го зголемува ДДВто од 10 на 18%. Покачувањето е само заради тоа што власта сака да собере повеќе пари во буџетот, кој со години го краде.
Со утрешното покачување на цената на струјата, а според блоковите кои ги воведоа СДС, граѓаните кои паѓаат во вториот блок ќе плаќаат за 2,88 отсто поскапа струја, во третиот блок зголемувањето ќе биде 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто.
Во просек најголемиот број домаќинства ќе имаат зголемување од 2.88% и 9.99%. Тоа би значело дека на сметка од 5.500 денари покачувањето ќе биде над 500 денари. И сметките за јули, наместо како досегашните 5.500 денари, ќе бидат над 6.000 денари.
СДС ветуваа поевтина струја, а граѓаните денес плаќаат поскапа струја од било кога порано.
Парите од утрешното покачување ќе завршат во буџетот, но власта на СДС и ДУИ ќе може да ги троши на договори во четири очи и криминални тендери.
И за сиот овој период, додека собираат милиони во буџетот по основи на даноци од сметки за струја, инвестициите во нови енергетски капацитети се нула. Не за џабе и ДЗР излезе со заклучок дека Македонија нема енергетска одржливост на долг рок.
Инвестициите во енергетиката требаше да се случат уште пред 5 или 6 години, а секое дополнително одложување ќе значи поскапа струја секоја година во година.
ВМРО-ДПМНЕ има план за енергетиката, затоа потребни се промени, за ударите по џебот на народот да завршат.
Прес-конференција на Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Обвинители вршат надзор над работата на обвинителството за организиран криминал и корупција
-
69-годишна жена загина, а 9-годишно дете се бори за живот на Клинички по пад од шести кат
-
Родители најавија бојкот на настава во „Лазо Ангеловски“, МОН смета дека со случајот се претерало
-
Комплексни лозинки за да нема упад во е-дневник во училиштата!
-
И власта и опозицијата не прифаќаат пензионирање на 67 години
-
Новогодишните куќарки пристигнаа на плоштадот, Арсовска пак крие кој и за колку пари ќе украсува
-
Преку зголемена транспарентност и политичка комуникација до одговорни институции
-
Преглед на вестите од светот