Минатата седмица санкционирани 214 непрописно паркирани возила во Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционирале 214 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-Во периодот од 3-ти до 9 јуни со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 110 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 104 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.
Општина Центар и ЈП ПОЦ најавуваат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со историчарот Митко Панов
-
Соработка помеѓу Државниот завод за статистика и УГД - Штип
-
ММФ прогнозира раст од 2,2% за Македонија
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место