Коѕиас: Судбината на осуммината турски војници ќе биде решена на грчките судови
Судбината на осуммината турски војници осомничени за учество во обидот за воен удар во Турција од 15 јули ќе биде решена на судовите во Грција, со примена на грчкото и европско право, изјави денеска во Скопје грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас.
Коѕиас тоа го кажа во одговор на новинарско прашање до каде е постапката и дали се преземени конкретни чекори за екстрадиција на осумте турски војници осомничени за учество во воениот удар во Турција. Шефот на грчката дипломатија денеска беше во работна посета на Скопје на покана на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
- Како што знаете во следните денови имам чест да бидам домаќин на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и ќе разговараме за односите меѓу Турција и Грција по последната криза. За тоа како по кризата да продолжиме со дискусија и да најдеме нови патишта за соработка, изјави Коѕиас.
Грчкиот министер за надворешни работи посочи дека уште од самиот почеток Грција била против обидот за воен удар во Турција.
- Знаете во 1967 година и јас и целиот грчки народ бевме жртва на еден таков обид и таква хунта во Грција. Лично секогаш се борам за повеќе демократија, штитење на правата и доброто на народот. Противник сум на таквите обиди и секогаш сум за демократијата, истакна Коѕиас.
Според Коѕиас, судовите ќе треба да истражат и потврдат дали овие осум луѓе учествувале во воениот удар во Турција.
Ново на Сител
-
Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител
-
Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
-
Касами: ДУИ да се реформира наместо да се заканува
-
СДСМ: Во министерството за дигитална трансформација тендери добивал сопругот на државната секретарка
-
Граѓани вртат кругови да најдат паркинг - хаосот со паркирање на Клинички со години е секојдневие
-
Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
-
Преглед на вестите од светот
-
Сторителот на убиството кај Мавровка призна вина, пресудата во четврток