Роковите за употреба на јаглен ќе бидат пробиени
Јагленот како енергенс за производство на електрична енергија се поизвесно е дека ќе се користи уште долго време во голем дел од европските земји. И покрај барањата и агендите на Унијата постепено да се исфрли од употреба, за да се обезбедат доволни количини на струја, роковите ке бидат пробиени.
Чешка, според стратегијата, треба целосно да го замени јагленот во 2033 година, но според надлежните, тоа тешко ќе се оствари. Имаат доволни количини на јаглен за следните неколку децении.
Макеронска делегација предводена од министерката за енергетика Божиновска во посета на една од најгоемите термоцентрали во Чешка, Тусемице. Вели, иако и Македонија има рок за исфрлање на јагленот до 2030-та, се поизвесно е дека тоа ќе се пролонгира.
Присуството на сулфур во јагленот им задава проблем и на чешкиот производител. Откако, властите ги казниле со 14 милиони евра глоба, компанијата инвестирала 300 милиони евра за десулфоризација и декарбинизација на воздухот пред 15-тина години.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар