Европа да ги задржи добрите односи со САД, меѓу приоритетите на полското претседавање со ЕУ
Да се изгради Европа која ќе биде отпорна на безбедносните предизвици во новата геостартешка реалност. Ова е еден од клучните приоритети на полското претседавање со Унијата, кој денеска пред пратениците го презентираше амбасадорот Бримора.
Иако не е на врвот на приоритетите, Бримора го потенцираше и проширувањето со земјите од Западен Балкан. Без да ги спомене уставните измени како клучен услов, порача дека Полска го поддржува европскиот пат на земјава и сите земји од регионот, но според заслуги.
Дебатата помеѓу пратениците од власта и опозицијата пак се фокусираше на тоа какава позиција треба да завземе Македонија во новата геостратешка реалност по промената на американската администрација.
Во следните недели Бримора најави и можна средба на премиерот Мицкоски со полскиот премиер Туск кој до крајот на јуни, претседава со Европскиот совет.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар