Loading Video...
Свет
10. March 2025 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Немири и насилство избувнаа синоќа во главниот град на Романија, Букурешт, по одлуката на централната изброрна комисија  да ја отфли кандидатурата на екстремно десичарскиот популист Калин ѓеорѓеску за повторените претседателски избори  закажани за  4 мај.

Скандирајќи - последната опција  е уште една револуција, поддржувачите на Ѓероѓеску флааа камења и други предмети кон полицицјата пред зградата на централната изборна комисија, превртуваа и  палеа возила. 15 полицајци . Одлуката на централната изборна комисија, Ѓероѓеску  ја нарече директен удар во срцето на демократија ширум светот и истакна дека ке поднесе жалба до усавниот суд.

Тој е фаворит во анкетите со околу 40 отсто од гласовите. Крајниот рок за пријавување на претседателски кандидати е 15 март на полноќ.

Изборното тело ја одби неговата кандидатура откако романскиот уставен суд ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори во ноември лани на само  два дена пред одржувањето на вториот круг на 8 декември, откако романските разузнвачи објавија дека Русија работела во корист на Ѓеоргеску, кој се кандидираше  како независен.

Во првиот круг победи георгеску а Моксва ги отфли обвнувањата дека водела онлајн кампања во негова корист.  Американскиот потпретседател Џеј-ди Венс и Илон Маск, ја критикуваа Романија за откажаните избори, велејки дека ја потиснува слободата на говорот и политиччките противници.

Украина можеби нема да преживеа и без нас и со наша помош. Мора да се постигне мир во Украина што е можно побрзо  порача американскиот претседател во пресрет на утрешните разговори помегу укриански и американски претсавници во Саудиска Арабија. Трамп објави дека неговата администрација  ја укинала  паузата за разузнавачки информции  за Киев. Очекува позитивни резулатите  од преговорите со укрианците.

-Многу луѓе загинаа оваа недела, како што знаете, во Украина, не само Украинци, туку и Руси. Така, мислам дека сите сакаат да видат како се завршува. Ќе направиме многу напредок, верувам, оваа недела, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Американската делегација ке ја сочинуваат државниот секетар Рубио, советникот за национална бебзедност Волц и специјалниот пратеник за Бблискиот исток Виткоф а  во  украинскиот тим ќе бидат шефот на кабинетот на Зеленски,  Андриј Јермак, и министрите за одбрана и надворешни работи.

Ке се разговара за рамка за мир, во обид да се заврши тригодишната војна. На агендата би можел да биде и договорот за минерали, што не беше потпишан при посетата на Зеленски на САД.