Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, кое го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.
Сослушувањето на Додик во Обвинителството на БиХ беше закажано за 12 часот, но тој, како што претходно најави, не се одзвал на поканата, објави сараевскиот портал Кликс.ба.
Додик претходно изјави дека РС не ги признава активностите на Обвинителството на БиХ на нејзина територија.
Според Законот за кривична постапка на БиХ, на Додик ќе му биде испратена уште една покана за сослушување.
Додик е осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони со кои се забранува работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ (СИПА), на територијата на РС.
Покрај него, во овој случај осомничени се и премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска, Ненад Стевандиќ.
Овие закони беа усвоени од Националното собрание на РС на 27 февруари, а на 7 март Уставниот суд на БиХ ги поништи.
Ново на Сител
-
Судијка му забрани на ДОГЕ на Маск да пристапува до приватните податоци во владините регистри
-
Зеленски: Неопходно е придвижување кон загарантирана безбедност
-
Извор од Белата куќа тврди дека во преговорите меѓу Киев и Москва се појавуваат нови прашања за Украина
-
Тим од пластични хирирурзи ќе престојува во Кочани, се очекува 16 повредени во пожарот да заминат на домашно лекување
-
Се проширува обвинителскиот тим за несреќата во Кочани, продолжуваат и контролите за исполнување на безбедносните стандарди
-
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Трамп: Гренланд во иднина може да биде дел од САД
-
Свирежи до Владата и Собранието, 16-минутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани