Бошњаковски: Уште траат консултациите за нацрт амандманите на Уставот
Уште траат координациите околу усогласувањето за измените на Уставот, изјави за МИА портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.
– Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање, изјави Бошњаковски, не прецизирајќи притоа кога би можело тоа да се случи, по најавите дека дел од амандманите би можеле денеска да се достават до пратениците.
Петнаесетдневниот рок што му го даде Собранието на Владата за изготвување на нацрт амандманите истекува следната сабота на 27 октомври, но премиерот Зоран Заев најави дека тоа би можело да се случи и пред овој рок.
Според текот на настаните, нацрт – амандмните, сепак, би требало да дојдат во Собранието до средината на следната недела.
Владејачките партии ја повикаа опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се вклучи во разговорите за уставните измени, но се песимисти дека тоа би можело да се случи. Но, разговори за нацрт-амандманите извесно е дека ќе има со осумтемина пратеници што гласаа „за“ уставните измени, кои се очекува да формираат нова пратеничка група, како и пратениците Албанци.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка