Македонија
31. October 2024 - 16:29
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка
Откако појавата на Птичји грип ја затвори Зоолошката, советници од Градот Скопје денеска побараа забрана за внесување нови животни. Сметаат дека таму условите постојано се влошуваат, па забраната ќе спречела понатамошно угинување. Потсетуваат дека во изминатите две години во зоолошката угинале 18 животни.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, се противат на предлогот. Зоолошката и сега не можела да презема животни. Според СДСМ пак, Установата секако била пред целосно затварање..
Предлогот да се забрани внес на нови животни не доби поддршка од советот. Мнозинството советници смеетаа дека немсто клуч, потребно е подобрување на условите во Зоолошката.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->