Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
Индустријата во слободен пад. Производството во септември е намалено за скоро 8%, објави статистиката. Бројките треба да не загрижуваат – потребна е итна интервенција, велат од Организацијата на работодавачи.
- Во недостиг на природни ресурси, како злато, нафта или гас, во земја која нема развиен туризам, единствен двигател на економијата е индустриското производство и извозот. Падот се должи на неколку фактори – надворешни, на кои не можеме да влијаеме, но и внатрешни, кои треба што поскоро да се променат, вели Димитров
- Случувањата во Запдна Европа и Германија, како наш најголем трговски партнер, имаат влијание врз извозот и ние не можеме ништо да направиме, но секако има и домашни фактори како недостигот на работна сила, неадекватната администрација која го кочи бизнисот, доцнење со спроверување реформи, проблеми во образованието и слично, изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи
Димитров очекува подобри бројки откако парите од унгарскиот заем ќе стигнат до компаниите. кои со инвестиции во нова опрема и модернизација ќе ја намалат зависноста од работна сила. Но, на долг рок проблемот со кадар се уште ќе биде закана за економијата
- Со тие 250 милиони евра поволни кредити ќе се набави нова технологија и ќе се помогне во индустријата. Но јас мислам на долг рок, проблемот со работна сила се уште ќе биде присутен, додава Димитров
Неделава премиерот Мицксоски најави дека земјава не може да биде имуна на случувањата во германската економија. Очекува негативните ефекти посилно да се почуствуваат во вториот квартал следната година, а за да се ублажат последиците врз економијата смета дека е потребна диверзификација на извозот, капитални инвестиции, вложувања во нова опрема, која ќе ја зголеми продуктивноста, а со тоа и платите на работниците.
Инаку оваа година индустриското производство бележи пораст само во јануари, февруари и јули. Во останатите месеци е во негатива, а најголем пад од 13,2 осто е регистриран во мај.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар