Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
На денешната седница во Собранието, пратеникот Димитар Апасиев од Левица постави три пратенички прашања до премиерот Христијан Мицкоски. Апасиев праша за менувањето на имињата на институции, иницијативата за албанска академија на науки и уметности, и признавањето на Палестина. Мицкоски ги отфрли првите две прашања како неосновани и истакна дека мирот е клучен за решавање на конфликти, по што Апасиев изрази незадоволство од одговорите.
Во врска со прашањето за менување на имиња на институции за кои Апасиев наведе неколку институции на кои им биле сменети имињата по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Мицкоски изјави дека тоа е лага и обид за манипулација.
-Никаде во Преспанскиот договор не е забрането користење на придавката македонски и зборот Македонија, и точно дека и ние имаме право на употреба на придавката македонски, и тие имаат право. И ние ја користиме Македонија, и тие имаат право. Но, знаеш што е разлика, овие со кои си во коалиција, прифатиле сите институции кои имаат државно финансирање, да не го содржат повеќе зборот македонски, рече премиерот.
На прашањето за иницијативата на општините Тетово, Гостивар, Чаир и Желино, за албанска академија на науки и уметности, односно дали планира да им ги одземете ингеренциите на четирите општини кои планираат проект кој, како што рече Апасиев, „е антимакедонски во суштина, затоа што науката не познава етничка припадност“, премиерот одговори дека прашањето е беспредметно и Апасиев не ги познава прописите.
- Прашањето е беспредметно од проста причина што нема суштина, а единиците на локална самоуправа не функционираат на тој начин, рече тој.
Во врска со признавањето на Палестина, Мицкоски одговори дека е неопходен мир во светот.
- Треба мир во светот, во мир секогаш се постигнува компромис и решение. Цивилите не се виновни затоа што политичарите на сметка на својот хедонизам и комфор се обидуваат да спечалат поени. Посакувам час поскоро мир и сите тие луѓе во Газа, Палестина, Украина и насекаде во светот да функционираат нормално.
Ново на Сител
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица