Албанската полиција годинава запленила три милиони евра на граничните премини
Албанската полиција во периодот од јануари до ноември годинава запленила три милиони евра кои не биле пријавени на граничните премини, како што предвидува законот, што предизвикува сомнеж за потеклото на овие пари, кои се обиделе илегално да влезат во Албанија надвор од банкарскиот систем, јави Топ чанел.
Според полициската статистика најголем дел од запленетите средства се евра (два милиони), додека останатите се други валути, долари, британски фунти и швајцарски франци.
Од контролите е докажано дека премини каде што поминале најмногу непријавени пари е меѓународниот аеродром во Тирана и пристаништето Драч.
-Како сторители на ова кривично дело полицијата идентификувала 86 лица, од кои осум се уапсени, а останатите се бранат од слобода. Споредено со истиот период минатата година, нивниот број е речиси двојно поголем. Речиси во сите случаи, само возачите на возилата, каде што се кријат парите, завршуваат со лисици, а истрагата не може да стигне до лицата кои ги поседувале овие пари. Во сите случаи, истражителите се сомневаат дека парите потекнуваат од криминални активности во странство и се наменети да се инвестираат во Албанија, наведува телевизијата.
Последен ваков случај е регистриран пред два дена на граничниот премин Морина, на албанско-косовската граница, кога се запленети 50 илјади евра.
Најголем износ на заплена е реистран пред три години, кога во автомобил „тојота“ во простаништето Драч беа откриени 1,5 милиони евра.
Ново на Сител
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка
-
Контрадикторен процес за Пендиков
-
Завршува „есенската кошница“ – граѓаните стравуваат од драстичен скок на цените