Македонија
31. October 2024 - 16:29

Контрадикторен процес за Пендиков

Од почеток почна судењето за Пендиков поради протек на 90 дена од последното судење. Во судот денеска како сведок зборуваше и таткото  на еден од обвинетите кој тврди дека не станува збор за напад од национална омраза бидејќи самиот тој учествувал во спасувањето бугарски државјани во големата бродска несреќа за што добил и орден.

Одбраната предложи доказ да биде и видео изјава од Пендиков дадена за бугарска телевизија.  

Адвокатот Камишевски пак тврди дека исказот кој Пендиков го дал пред судот и пред полициските службеници е идентичен и нема разлика. Пендиков и овој пат не се појави во судница, тој по инциентот живее во Бугарија.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари пред угостителски објект на Кејот на езерото во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Следното судско рочиште е закажано за 4 декември.