Во Брисел денеска почнува дводневен самит на лидерите на ЕУ
Лидерите на земјите членки на ЕУ денеска и утре во Брисел ќе се состанат на последниот самит во 2019 година.
Ова ќе биде првиот состанок на врвот со кој ќе претседава новиот претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.
Првиот ден од декемврискиот самит на ЕУ лидерите ќе му го посветат на усвојувањето на заклучоците од Конференцијата за иднината на Европа, што е замислена како форум на кој во следните две години граѓаните, граѓанските здруженија и институциите на ЕУ ќе дебатираат за можните внатрешни реформи на ЕУ.
Втората тема на Европскиот совет ќе биде посветена на климатските промени. Се очекува лидерите на ЕУ да ги усвојат насоките за долгорочната стратегија на ЕУ во борбата против климатските промени, што ќе се темели на остварување на „климатски неутрална Европа“ до 2050 година.
Во текот на вечерата на ЕУ лидерите ќе се разговара и за новиот долгорочен буџет, како една од одредниците на иднината на Унијата.
Првиот ден од самитот лидерите треба да го заокружат со размена на мислења за односите со Русија, партнерството со африканските земји, ситуацијата во Турција и фунцкионалноста на Светската трговска органзиација.
Лидерите на земјите од членки на ЕУ утрре продолжуваат со работа во форматот ЕУ 27 и разговорите за Еверозоната и засилувањето на Европската економска и монетарна унија.
Самиот крај од самитот ќе биде посветен на Брегзит и подготовките за преговорите за идното партнерство со Велика Британија.
Ново на Сител
-
Претседателката ќе го почитува Уставот
-
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието
-
ДИК одлучува за гласањето во Желино
-
Пукање на Пластичарска: Еден загинат, двајца ранети
-
Две сообраќајки за само 4 часа на влезот во Штип
-
Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот
-
Демири се закани дека вработените во болницата во Лешок ќе останат без плата
-
ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра