Македонија
27. May 2024 - 16:50

Демири не знае од каде е смрдеата во хируршките сали – нема ни одговорност за крахот на системот

Хаосот на хируршките клиники продолжува и не се знае кога ќе проработат операционите сали. Лекарите функционираат во импровизирани услови, пациентите во агонија поради пролонгирање на интервенциите а министерот за здравство излезе во јавноста дури после 10-тиот ден од крахот на хирургија. Демири денеска испратил мостри за проверка во Германија и ќе чекаат што ќе покажат анализите – од каде доаѓа смрдеата во оперативниот блок. Дотогаш клиниките ќе функционираат со надворешни комресори и тоа само за најитни случаи. 

-Ако се приклучат на надворешните компресори таа миризба не е присутна, ако се приклучат на централниот довод со кислород миризбата постои. Затоа што тоа е необјасниво, побарав од обвинителството да спроведе истрага што е причината реална за проблемот, вели Илир Демири, министер за здравство. 

Инсталацијата е стара, проблемот со компримиран воздух се случува два пати во еден месец, но тоа е надлежност на заеднички служби а тие пак биле под Влада и министерот не може да им води контрола. Затоа, пак, Демири го искритикува Државниот санитарен и здравствен инспекторат каде биле досега за проблемот на хирургија, но не гледа никаква одговорност во неговото функционирање досега.

-Јас не сум министер 4 години туку два месеци и го правам максимумот да може да го решиме проблемот. Сум дал налог независно да цената таа компресорска станицва да биде рестасврирана, вели Демири.

Министереот се жали дека му се врзани рацете бидејќи ова е техничка Влада, но свесен е дека драстично се зголемени листите за операции на хируршките клиники но и во ГОБ 8-ми септември и Клиниката Свети Наум Охридски каде со денови имаат наплив на пациенти од клинички. Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека одговорност мора да има. 

- 10 дена цела држава, цела Македонија се прашуваше што се случува со Хирургија, министерот на СДС/ДУИ Илир Демири денеска конечно излезе од скривалиштето за да каже дека едноставно - не знае што е проблемот којшто го сведе само на лоша миризба.Ниту побара одговорност од раководството, ниту од заедничките општи служби, ниту лично тој не понесе одговорност за неспособноста!Едноставно откри дека никој од менаџерите не чувствувал одговорност за состојбите во Хирургија!, вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

И во април имаше дефект со компресоркста станица кој траење два дена.

Хирурзите прашуваат – ако клинички е врвот во здравството, дали тоа значи дека сега цел систем е крахиран?