Македонија
26. July 2024 - 16:37

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид

Српски полицајци ќе патролираат во Охрид. Министрите за внатрешни работи на двете држави, Тошковски и Дачиќ во Белград се договориле четворица српски полициски службеници да бидат пуштени на задача во Охрид за време на летната сезона.

Се очекува да пристигнат во август.

Дачиќ вели дека ваква соработка Србија има и со Црна Гора и со Хрватска. Вели, Белград нема проблем и Македонија да испрати полицајци таму, доколку Скопје оцени дека има таква потреба.

Двајцата министри договорија унапредување на полициската соработка меѓу двете земји. Заедничко обучување на службениците и решавање на проблемот со метежот на граничните премини и конечно суштинско воспоставување на „One stop“ .