Македонија
27. May 2024 - 16:59

ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ пред финален договор - распределени министерствата и претседател на Собранието

Мицкоски и лидерите од Коалицијата Вреди се предфинален договор за Влада, во напредна фаза се и преговорите со ЗНАМ. Како што дознаваме од вискои извори на ВМРО-ДПМНЕ направена е распредлбата на првиот ешалон од власта. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ги има ресорите за внатрешни работи, за надворешни работи, за финасии, новото Министерство за енергетика, за одбрана, транспорт и врски, образование, кулутра, земјоделие, локална самоуправа, политички систем и други.

Албанскиот партнер Вреди, пак, добива Претседател на Собранието. Од извршаната власт добива Министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер, потоа Министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади. 

„Министерството за економија и труд, оди во рацете на Вреди, заедно со Секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност“ додаваат изворите од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека финишираат и преговорите со ЗНАМ на Максим Димитриевски. Со шест пратеници, Движењето ќе добие две министерства: Министерство за правда и новото Министерство за администрација. Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.

Кадровските решенија за овие ресори не се соопштуваат. 

Брифинзите стигаат непосредно пред утрешната конститутивна седница на парламентот. Попладнево Гаши од Алтернатива на партиски состанок ја носи конечната одлука дали ќе стане собрнаиски спикер и ќе го нашпушти лидерскотот место во партијата. Доколку ваква одлука биде донесена вечерва, тогаш целата конститутивна седница ќе трае само еден ден. 

Најпрво ќе се верификуваат мандатите на 119 нови пратеници, последниот пратеник оној на Вреди од Желино ќе треба да чека потврда од ДИК. Седницата ќе ја води Коџаџику како најстара пратеничка. По верификацијата, се очекува лесно да се формира и Комисијата за избори и именувања од која ќе произлезе предлогот за собраниски спикер, а потоа и негов избор.