Бизнис
27. May 2024 - 16:45

ССМ: За една година трошоците за живот повисоки за 200 евра

Скок од 200 евра за само една година бележи синдикалната кошница, минималецот пак, пораснал за скромни 40 евра. Затоа Синдикатот со порака до новата Влада – прво нешто што треба да го направат е да го зголемат минималецот на 450 евра.

Во моментов околу 80.000  работници живеат со минамална плата, што значи тие семејства едвај прежувуваат. Од ССМ сметаат дека растот на минималецот ќе ги зголеми и останатите плати. 

- Нас ни е ниска основната плата. Можеби некој градежник ќе земе месечно 60,000 денари, но ако видите тој работник колку работел прекувремено, колку дополнителни часови има, затоа што нема веќе работници, тој заработил една и пол плата. Сега нашите работници веќе не одат во Германија и Австрија  по работа, одат во Црна Гора, Хрватска, Србија, каде платите се повисоки, изјави Иван Пешевски, ССМ

Порастот на платите не го следи трендот на пораст на трошоците за живот, односо поскапување на храната. Па затоа од Синдикатот прашувааа – има ли институци да ги контролираат маржите во маркетте

- Работи ли нешто Државен пазарен инспекторат, Агенција за заштита на потрошувачите или влегуваат само во мали, локални дуќанчиња, а големите маркети билдаат профити? Само кај нас има вакви цени на храната, додава Пешевски

Инаку Синдикатот пресмета дека во април на едно семејство му биле потребни нешто над 60 илајди денари месечно за да ги задоволи основните потреби. Најголем дел од парите, 40% му одат на храна и пијалоци. Само 1,000  денари семејсвата одвојуваат за здравство.