Бизнис
24. July 2024 - 16:28

Можно поевтинување на парното греење од 1 август

Можно поевтинување на парното греење од 1 август. Се прават последните пресметки во Регулаторната Комисијата и за 2 дена треба да биде објавена новата цена која ќе ја плаќаат околу 60 илјади домаќинстава. Од Регулаторна велат  дека поради ниските цени на гасот на берзите во Европа,  најверојатно ќе има благо намалување на ценатата. Во моментов се разгледуваат барањата на трите енергетски комапнии и се одлучува  што ќе им биде прифатено за трошок, а што не.  Не се знае ни дали грејната сезона ќе  започне без главната топловодна мрежа, бидејќи цевките на мостот Беласица се уште не се поставени, а нема ни најава дали и кога ќе бидат.

Во меѓувреме, трите фирми на ЕСМ – за снабдување, дистрибуција и производство на топлинскате енергија  се на врвот на листата должници кон министертвото за финансии. Владините субвении за сметките кај граѓаните се укинати, но затоа деловните корисници,  како училиштата , градинките, малите тргивци од февруари плаќаат понсики сметки за  парно од 35%. Ваквата одлука ја донесе Регулаторна поради понсиката цената на гасот на европските берзи.

Грејната сезона треба да стартува од 15 ти октомври и да треа до 15 април, со можност за пролонгирање од 2 недели, ако времеснките услови го налагаат тоа.