Бизнис
27. August 2024 - 19:44

Мицкоски: За 6 години СДСМ го зголеми државниот долг за 4 милијарди евра

Нема повисок  минималец заради  огромниот долг  кој го направи претходната власт. Трошеле пари кои ги немале, бесмилосно се задолжувале и за  6 години го зголемиле државниот долг за 4 милијарди евра, вели премиерот Мицкоски.  Вети дека оваа власт ќе го поправи се она што претходната го уништила.

- Ете тие така ги решавале проблемите, со ваши пари, трошеле ваши пари. Ние тоа нема да го дозволиме, Ние ќе го обновиме тоа што тие го уништија, изјави  Христијан Мицкоски, премиер

Вчера лидерот на опозициската СДСМ ја обвини власта  дека е неспособна да  да се справи со предизвиците, како порастот на минималната  плата , а изговорите на Мицкоски  дека наследиле празен буџет,  Филипче ги нарече приказни за мали деца. Вели дека во нивниот мандат  успеале успешно да се справат и со енергетска , финансиска и ковид криза, за разлика од оваа која не се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните.  .

Инаку со доаѓањето на власт, Мицскоски најави ново задолжување од половина милијарда евра – пари кои би  се искористиле за капитални инвестиции, а со ребалансот на буџетот  проекцијата на јавен долг , каде влегува и државниот, ја зголеми од 62 на 68% од БДП  за годинава