Свет
16. November 2015 - 17:31

Уапсени 11 луѓе за бомбардирањата во Бејрут

Либанските власти уапсија 11 луѓе  за двата бомбашки  напади   кои пред четири дена го потресоа   Бејрут . Министерот за внатрешни работи на Либан соопшти дека уапсени се осум Сиријци и тројца Либанци. Одговорноста за нападите во либанската престолнина во кои  загинаа 44 лица презеде Исламската држава, која исто така тврди дека стои зад терористичките напади во Париз.

Тела на 15 африкански мигранти откриени на Синајскиот Полуостров

Египетските власти соопштија дека во северниот дел на Синајскиот Полуостров пронашле тела на 15 мигранти од Африка, кои имале прострелни рани.Осум други мигранти биле пронајдени живи, но сите повредени.  Не е  објавено   од кои африкански земји се убиените и ранетите. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Бан Ки Мун оваа недела ќе ја посети Северна Кореја

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ќе ја посети оваа недела Северна Кореја., при што се олекува да се сретне со лидерот  Ким Јон Ун.  Се уште не  е објавено за кој ден е планирано патувањето. Северна Кореја е предмет на тешки санкции на ОН, САД и Европската унија поради нејзината нуклеарна програма.