Loading Video...
Свет
17. May 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Стратешкиот сојуз на Русија со Кина во енергетскиот сектор дополнително ќе се зајакне соработката, рече претседателот Владимир Путин на вториот ден од неговата посета на Кина додавајќи дека Русија е подготвена да ја снабди Кина чиста енергија. Блиските односи меѓу Русија и Кина беа гарант за енергетската безбедност и ја зајакнаа благосостојбата на двете земји, додаде Путин, говорејќи на руско-кинеската изложба во Харбин за време на државната посета.

Ова е негова прва странска посета по победата на претседателските избори.

Вчера тој имаше средба и со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг каде имаа и разговори.

Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи.

Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите.

Градоначалникот на Руан Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок.

 Најмалку 151 лице загинаа, а 104 се водат за исчезнати во јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, како последица на обилните дождови и поплави, соопшти денес државната агенција за цивилна одбрана.Агенцијата наведува дека во инцидентите предизвикани од поплавите биле повредени 807 лица. Повеќе од два милиони луѓе се погодени од поплавите, а 620.000 се раселени

Јужна Африка го повика Врховниот суд на Обединетите нации да нареди прекин на огнот во Газа, тврдејќи дека ситуацијата во енклавата достигна „нова и ужасна фаза“ додека продолжува израелската воена операција во јужниот град Рафа.

Меѓународниот суд на правдата со седиште во Хаг го одржа своето трето рочиште за конфликтот Израел-Хамас откако Јужна Африка отвори постапка во декември, обвинувајќи го Израел за геноцид.

Израел категорично негираше дека извршил геноцид во Газа оправдувајќи ги своите напади со интенцијата за цлеосно неутрализирање на Хамас.