Шведска воведе времена гранична контрола
Шведска од денеска воведе 10-дневна контрола на границите поради миграциската криза.
Шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман вчера најави дека Владата ќе воведе времена гранична контрола, со цел да се справи со приливот на мигранти.
- Врз основа на информациите добиени од полицијата, Агенцијата за цивилни трошоци и Агенцијата за миграција, проценивме дека треба да воведеме времени гранични контроли, истакна Игеман.
Шеф на шведската гранична полиција Патрик Енгстром нагласи дека полицијаците нема секого да проверуваат, туку контролите ќе се вршат произволно.
Шведскиот премиер Стефан Ловен изјави дека времената гранична контрола во Шведска е неопхопдна, за да се контролира миграцискиот прилив.
- Земјата се придржува кон правилата, утврдени во Европа, објасни Ловен.
Шведска пред неколку дена соопшти дека миграциските власти се преоптоварени и се очекува оваа година во земјата да пристигнат 190.000 баратели на азил.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите