Loading Video...
Свет
25. September 2023 - 12:27

Руското гранатирање на Украина добива на интензитет- сериозни оштети во Одеса

Во жестокото гранатирање на Одеса, повредена е една жена, а зградите и пристанишната инфраструктура беа сериозно оштетени, соопшти утрово украинската војска. Во нападот се уништени и складишта на жито.

Воздухопловните сили на Украина соопштија дека во текот на ноќта нивните системи за противвоздушна одбрана уништиле 19 беспилотни летала ,,Шахед'' од иранско производство, 11 крстаречки ракети и две хиперсонични ракети што Русија ги лансираше врз Украина.

Напади врз руска територија вршеа и Украинците. Во гранатирањето на околината на градот Курск, оштетени се неколку административни и стамбени згрaди, но нема загинати или повредени лица. Министарство за одбрана на Русија соопшти дека противвоздушната одбрана уништила две безпилотни летала и над Брјанската област.

На 61 година почина шефот на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, откако беше уапсен во јануари по три децении бегство. Еден од водачите на сицилијанската мафија, почина во болницата во Аквила. Тој три години боледуваше од рак на дебелото црево, а во петокот беше објавено дека е во кома.

Денаро ќе остане запаметен како најопасен лидер на италијанската мафија, и како последен лидер на Коза Ностра.  

Месина беше осуден за бројни злостроства, меѓу кои и за неговата улога во планирањето на убиствата на легендарните антимафијашки обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година, злосторства што ја шокираа Италија и светот. 

Денаро, исто така, беше одговорен за бомбашките напади во Рим, Фиренца и Милано во 1993 година, во кои загинаа 10 луѓе.