Родителите влегле во кафуле, а детето во количка го оставиле на паркинг
Неодговорни родители денес ја шокираа јавноста во Босанска Градишка.
Шетајќи со бебето во количка, родителите се одлучиле да се одморат и загреат во кафуле покрај градскиот парк и реката Сава. Ништо необично не би било ако во кафулето влегле и со количката и бебето.
Несовесните родители го оставиле бебето пред кафулето, на блискиот паркинг.
Реагирал келнерот од соседното кафуле, приметувајќи дека детето е половина час само во количката.
Го повикал својот колега од кафулето во кое биле заборавените родители, кои на повикот на келнерот излегле и земале детето.
Реагирала и една професорка, инаку мајка на четири деца, која повикала полиција. Професорката пред повикот на полиција влегла во кафулето и на неодговорните родители им оддржала вистинска лекција.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите