Македонија
19. September 2016 - 16:42

Претседателот Ѓорге Иванов, остварил средба со претставниците на македонската заедница во Њу Џерси

Традиционалната средба со македонската дијаспора во Њу Џерси е права на агендата на Претседателот Ѓорге Иванов од еднонеделната посета на САД.

-Секој ваш успех е и успех за Македонија. Колку поуспешни поединци, толку поуспешна Македонија. Со тимска работа да ја направиме Македонија подобро место за живеење. Да соработуваме и да се сплотуваме, potenciral Иванов пред македонските иселеници во Њу Џерси.

Иванов, како што соопштува неговиот кабинет во континуитет, на сите средби со иселениците се залага за развој на односите со дијаспората, преку оддавање признанија за нивните успеси како поединци и здруженија.

Македонската заедница во Њу Џерси брои околу 20.000 Македонци. Македонците во овој регион на САД се етаблирани членови на американското општество, позиционирани во повеќе области, пред се како доктори, бизнисмени и адвокати, но не се доволно инволвирани во политиката и во процесот на донесување на одлуки.

Иванов на првиот ден од престојот во САД, ја посетил и црквата „Свети Кирил и Методиј“. Македонскиот претседател ќе учествува на генералниот собрание на Обединетите нации, каде ќе зборува на состанокот на високо ниво за проблемот со мигрантите.

Иванов во Њујорк ќе има средба и со генералниот секретар на ОБединетите нации, Бан Ки МУн, како и серија билатерални средби со шефови на држави и влади.