НБРМ со нови проекции: Раст од 3,2% со солидно економско закрепнување
Банките да намалат со одобрување потрошувачи кредити. НБРМ разгледува мерки кои треба да ги стимулираат банките повеќе да го кредитираат стопанството и да се фокусираат на станбени кредити. Потрошувачките растат со многу поголема брзина од другите креидти и тоа може во иднина да биде ризик, вели гувернерот Богов.
Кредитирањето годинава ќе расте со стапка од 7,7% што е малку под априлските проекции. Ревизија има и кај растот - до крајот на годината тој ќе изнесува 3,2%, догодина 3,5, а во 2017 4%. Ваквите проектии значат дека макеоднската економија има добра основа и останува отпорна и покрај двата големи предизвици со кои се соочи годинава.
Годинава ќе заврши со инглација од околу 0% што се должи на ниските цени на нафтата и храната на светските берзи. 2015 ќе бид еи година кога земјава има најмал дефицит на тековната сметка во последната деценија што се должи на зголемениот извоз од новите фабрики.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар