Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка.. 40 годишниот Елвин Куртовиќ призна дека со еден истрел од автоматско оружје го убил 59 годишниот скопјанец Васил Ефтимов на паркингот кај трговскиот центар, па остатокот од животот ќе го помине во затвор.. Пресудата ја потпиша судијката Моника Бахчовановска.. Кога посегнал по оружјето, Елвин бил пресметлив и во добра психичка состојба наведе судијката.. Тоа, рече го покажале и психијатриските вештачењe.
На стартот од судењето во понеделникот, Куртовиќ рече дека убил под дејство на дрога, па не бил во состојба да расудува. Неговата адвокатка Софија Лаличиќ, поради тоа побара поблага казна, а обвини и дека убиството немало да се случи ако не потфрлеле институциите на државата кои дозволиле нејзиниот клиент да излезе на викенд од затворот Идризово.
Куртовиќ имал дебело криминално досие кое датира дури од 2001 година.. Бил осудуван за кражби, насилство, недозволено поседување оружје, фалсификување.. Осудуван бил и од српскиот суд во Нови пазар.. Убиството со умисла и од користољубие минатото лето, било пресудно Куртовиќ да биде осуден на доживотен затвор..
Во август лани среде бел ден Куртовиќ првин го уби а потоа и ограби скопјанецот Ефтимов чија поширока фамилија поседувала златарници.. Го застрелал со куршум директно во срцето, а од неговата сопруга одзел чанта со компјутер и кутија рачен алат од нивниот автомобил.. Во бегството Куртовиќ пукал и кон четворица полицајци но таквиот обид за убиство не го призна пред судот, па својата невиност ќе ја докажува низ судски процес..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар