Уставен суд: Уставот не предвидува интерпелација на уставните судии
Македонскиот Устав не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт. Уставните судии со порака до институциите дека пратениците со било какви законски решенија не можат да бараат нивна интерпелација, бидејќи овластувањето на Собранието завршува со моментот на избор на уставните судии.
Институтот „интерпелација” предвиден во членот 72 од Уставот, во никој случај не се однесува и не може да се примени за уставните судии. Во спротивно, се губи смислата на Уставниот суд и се прави тешка повреда на Уставот од причина што на тој начин се прави упад во четвртата т.н.уставно-судска власт, во самостојноста и во независноста на Уставниот суд.
Реакцијата на Уставен доаѓа откако ДУИ најавија интерпелации и за уставните судии доколку донесат одлука за законот за јазиците, но беа и против интерпелациите на членовите на Судскиот совет.
Изгласаната недоверба за петте члена на Судски го следи и американската амбасада. Амбасадорката Агелер вели дека важно е целиот процес да биде јасен и транспарентен.
– Јас не можам да ги коментирам. Многу внимателно ги следиме процедурите во Собранието и изјавите во врска со изгласаните интерпелации за петте членови на Судскиот совет. Она што е најважно за секој од овие случаи е да се следи на начин што е јасен и транспарентен за сите оние кои го набљудуваат, рече Агелер.
Од Судски засега не се споделуваат информации дали и кога ќе биде свикана нова седница откако беа изгласани интерпелациите на петте члена. Владејачкото мнозинство побара да бидат иземани од работата на ова тело, но Дамева, Црвенковска, Адеми, Чачарова Илиевска и Мустафа веќе се изјаснија дека не планираат да поднесат оставки. Ќе чекале да им заврши мандатот.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар