Македонија денеска се задолжи со половина милијарда евра на странскиот пазар
Македонија денеска се задолжи со половина милијарда евра на странскиот пазар. Новата еврообврзница, шеста по ред е со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од 2,75%.
Министерството за финании попладнево соопшти дека ова е историски најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници.
Побарувачката од инвеститорите беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата, што претставува еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија, стои во соопштението.
Ова е прво задолжување на владата на СДСМ на странскиот пазар, воедно ова е и едно од најголемите задолжување напаревни досега.
Претходно, како опозиција партијата секогаш бурно реагираше кога Владата издаваше еврообврзници и тврдеше дека на земјава и се заканува грчко сценарио односно банкрот. Во 2015 година, тогашниот технички заменик министер стави и вето на половина од планираното задолжување.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?