-->
-->
ЛШ: Барселона покрај Вардар се избори за Келн
-->
Шпанскиот првак во ракомет Барселона е вториот тим покрај македонскиот шампион Вардар кој се пласира на завршниот турнир од Ф4 што ќе се одржи во Келн. Барселона во реваншот вечерва го победи германскиот тим Кил со 23:18 или со вкупен резултат 49:46.
Јунак на дуелот беше голманот на Барселона Гонзало Перез де Варгас кој имаше 23 одбрани. Барселона водеше во текот на целиот натпревар, а највисоката предност изнесуваше пет голови во неколку наврати.
Кирил Лазаров постигна три голови во победата на Барселона, а Борко Ристовски само доби шанса да брани (седмерец).
Вечерва се игра уште еден четвртфинален дуел: ПСЖ - ПИК Сегед (30:27 за ПСЖ на првиот дуел), додека утре играат: Монпеље - Веспрем (23:26).
Вардар во четвртокот го елиминира Флензбург (вкупен резултат 61:51) и за првпат на Ф4 нема да игра екипа од Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите