„Ќе ве изедам живи“ - Филипинскиот претседател им се закани на исламистите
Филипинскиот претседател Родриго Дутерте изјави дека „лично ќе ги растргне и ќе ги изеде исламските милитанти од движењето Абу Сајаф, кои неодамна извршија терористички напад во неговото родно место.
- Ќе платите. Кога ќе дојде време ќе ве изедам пред народот, порача Дутерте до Филипинците од Лаос, каде се наоѓа на регионален самит.
- Ако ме разбеснете, ќе ве изедам живи, сурови, додаде тој.
Филипинскиот претседател, кој е познат по навредување на своите критичари, покрена брутална војна против криминалот во земјата, во која речиси три илјади луѓе се убиени откако на 30 јуни дојде на функцијата.
Советниците на Дутерте често пати апелираат до новинарите неговите коментари да не ги сфаќаат буквално, бидејќи тој користи груб народен јазик.
Милитантите од Абу Сајаф минатиот месец убија 15 војници, а се товарат и за бомбашкиот напад извршен минатата недела во родниот град на Дутерте, Маасин, во кој загинаа 14 лица.
- Ќе ви ја распарам утробата. Дајте ми оцет и сол и ќе ве изедам. Не се шегувам, додаде тој.
Абу Сајаф е мала групација на исламистички терористи, која дејствува во зафрлените места на јужните острови на Филипини.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?