Истражување: На чантите има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка
Според најново истражување на Институтот „Гуд Хаускипинг“, во домот постојат осум места и предмети, на кои има повеќе бактерии отколку во тоалетната школка.
Меѓу нив се и четкицата за заби, далечинскиот управувач и крпите во бањата.
- Малкумина се оние кои имаат време еднаш во седмицата да исчистат се што треба, но и кога имаме време, ги занемаруваме нештата кои носат опасност, се вели во студијата.
На четкицата за заби се собираат бактерии од устата на човекот кој ја употребува, но и од ВЦ-школката во близина и водухот што струи. За да се спречи ширењето бактерии, експертите препорачуваат редовно пуштање вода и секогаш да го спуштаме капакот на тоалетната школка.
„Магнет“ за бактерии се и тастатурата, екранот, кујнските крпи и сунѓери, милениците, теписите... Тука се вбројува и чантата, која жените честопати ја спуштаат на под, без разлика каде во моментот се наоѓаат.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите