-->
-->
ИД упати нови закани кон осум земји
-->
Терористичката група Исламска држава упати нови закани кон Белгија, САД, Русија, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и Италија, јавија белгиските медиуми.
Се забележува дека заканите се објавени на „вообичаените канали“ на ИД и поради тоа нивната веродостојност не се става под сомнение.
Во најавите, терористите ги повикуваат своите „браќа“ муслимани да избегнуваат јавни места како пазари, улици и паркинзи, бидејќи „борците на калифатот таму ќе се разнесат, ќе ги прегазат луѓето и ќе им ги отсечат грлата“.
Белгиските служби за безбедност извршуваат проверка.
Јавните места во Брисел од крајот на 2015 година се ставени под полициски надзор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите