Македонија
16. November 2016 - 20:53

ГДОМ - Граѓаните се пред избор на подобар стандард или двојазична и федерализирана Македонија

Граѓанското движење за одбрана на Македонија на денешната трибина во Струмица порача дека граѓаните се пред избор, дали ќе гласаат за политичката опција чија што цел е двојазична и федерализирана Македонија или својот глас ќе го дадат за партијата која нуди подобар животен стандард.  

Инаку, порталот Република пишува дека гласовите на Албанците се злато вредни за СДСМ, повредни од државата, безбедноста, народот, националниот идентитет.

Во новиот наплив на емцоии и страст кон албанското гласачко тело, во немилост на СДСМ се најде и Јохан Тарчуловски.

Според Република, трагедијата не е во тоа што Мухамед Зекири, член на ИО на СДСМ, исламски радикал и поддржувач на вахабистичката идеологија  плука по народниот херој, туку што ниту еден од останатото раководство во СДСМ, на чело со Зоран Заев, не застана во одбрана на човекот кој ризикуваше сѐ за денес тие да постојат како политичка партија во Македонија.

Порталот Курир пак пишува дека за глас повеќе, лидерот на СДСМ Зоран Заев националните интереси ги продава и на албанската дијаспора. Тој бил во дводневна посета на Швајцарија, каде во неделата во Берн се обратил на дебата реализирана од албанската дијаспора, на тема „Македонија на праг на избори: Промените, илузија или реалност?“, каде покрај него обраќање имал и Зијадин Села. 

Дека не се откажува од планот и намерата за двојазичност на Македонија, првиот човек на СДСМ потврди и во интервјуто за ТВ 21, каде недвосмилено изјави дека ќе го промени и Уставот за да се регулира двојазичноста во земјава.

Курир пишува дека сите изјави и чекори кои ги презема лидерот на СДСМ И кои само ги потврдуваат неговите најави за двојазичност на целата територија, се сериозни и наидуваат на огромен револт кај македонските граѓани, но и кај експертската јавност.