Македонија
31. August 2024 - 16:33

СДСМ ги повика наставниците утре на собир за повисоки плати

Протести пред стартот на учебната година во организација на  СДСМ. Партијата ги повика наставниците да излезат заедно со нив за покачување на платите. СДСМ закажа собир за утре претпладне под слоганот „Нема оправдувања, покачете ги платите“. Обвинуваат дека власта води погрешни политики и бара изговори за да не ги зголеми платите за просветните работници од септември.

Од секаков вид партиски собири и протести се оградија од СОНК. Претседателот Неделков ова го смета за директно мешање на СДСМ во синдикалните здруженија.    

Министерката за образование смета дека е недозволиво партија да презема улога на синдикат и да повикува на протести. Јаневска вели иронично е што токму овие повици доаѓаат од партија која до сега беше на власт а не  обезбеди ниту  пари за плати а притоа  го задолжи министерството за 5 милиони, сега  да повикува на собири. Министерката тврди дека е во постојана комуникација со синдикалните здруженија и како Влада прават  напори за тековно решавање на проблемите.

Трагикомична ситуација, вака ВМРО ДПМНЕ реагира на повикот за протести. Повикаа наставниците да не наседнуваат на партиски хушкања и притисоци на СДСМ кои изминатите 7 години власт не сториле ништо да  да им го подобрат статусот.

На првиот училишен ден протест во Битола најавија и од Независниот синдикат за образование и наука.