Главната расправа за случајот со претепаната Сара одложена
Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска денеска не започна во Основниот суд во Охрид. Главната расправа беше одложена со образложение дека одбраната на обвинетиот побарала изземање на јавниот обвинител назначен за предметот и на сите јавни обвинители од ОЈО Охрид како и претседателот на охридскиот суд.а новото рочиште е закажано за 1 декември.
Во судницата присутна беше Сара со се уште видливи модрици на лицето но не и обвинетито Кристијан.
Адвокатот на Сара, Шајн, смета дека станува збор за обид за одолговлекување на судскиот процес.
Инаку немилиот настан се случи на 15 ноември околу 02:00 часот, Кристијан се товари за три кривични дела – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а беа организирани и протести.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
