Македонија
27. November 2026 - 19:48
Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
Проширувањето на ЕУ не е безбедносно прашање, а билатералните спорови не треба да бидат пречка за евроинтеграцијата, ова се пораките од самитот на процесот Брдо-Бриони во Охрид/
Претседателката Сиљановска-Давкова вели дека напредокот на Албанија и Црна Гора е замчаен и за Македонија, но постепената интеграција не смее да биде замена за полноправното членство.
Иако не побарала директна поддршка од Хрватска и Словенија во спорот со Бугарија, претседателката смета дека двете земји стојат зад Македонија во заложбите за отстранување на билатералните и идентитеските прашања од процесот на ЕУ.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
